
Иако пред натпреварот изјави дека не го возбудува натпреварот за третото место, крилниот напаѓач на Холандија, Ариен Робен по натпреварот против Бразил изјави дека кога ќе размисли подобро, третата позиција на Мундијалот во Бразил не е за потценување.
“Оваа Холандија заслужи да игра финале. Навистина го мислам тоа. Горд сум што сум дел од овој тим. Го вложивме секој атом од силите на Светското првенство. Се чувствувам многу испразнето, но и разочарано затоа што не сме во финалето. Сепак, кога подобро ќе размислам, третата позиција воопшто не е за потценување, изјави Робен кој додаде дека добил отворена покана за преселба на “Олд Трафорд” од новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Луи ван Гал, но истата ја одбил со образложение дека е среќен во Минхен.