
„Тито Петковски е еден од пропаднатите политичари на македонската политичка сцена, кој цел живот се шлепаше зад некого, но на крај од секаде го отфрлија па дури и од парламентот е исфрлен од неговите коалициони партери. Единствен спас да преживее уште малку во политика му е да ја припои партијата кон СДСМ и тоа да го прикаже како обединување тоа ќе му даде живот во политиката уште година-две.“, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тито Петковски никогаш нема победено на избори. Тој е вечен лузер. Од овие причини тој смета дека во политика се победува само со нерегуларности. Тоа е одприлика како некој фудбалер чии клуб никогаш не успеал да влезе во прва лига, а самиот тој никога не дал гол бидејќи не го бива. Така и наш Тито вечно критикува како ВМРО-ДПМНЕ нешто не регуларно парви иако и самиот тој интимно е свесен дека лаже и дека проблемот не е во ВМРО-ДПМНЕ туку кај него лично.“, стои понатаму во текстот на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ со привезокот НСДП поставува невозможни услови кои знае дека никаде ги нема и бара нивно исполнување како услов за враќање во политика. Неисполнувањто на условите го смета за желба на ВМРО-ДПМНЕ да прави нерегуларности. Бидејќи немаат поддршка од народот да дојдат на власт регуларно, со програма, идеи и довераба тие бараат од ВМРО-ДПМНЕ да ги чести 6 месеци учество во Влада.“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ не одредува кој да раководи со власта, туку народот. Секоја злоупотреба на волјата на народот ќе биде скапо казнета од народот независно кој ја прави. ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа техничка влада ниту 6 месеци, ниту 6 дена, ниту 6 секунди.“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.