
Вистинско шоу се случи во судницата на рестартот на судењето за случајот Ровер каде еден од обвинетите е Љубе Бошковски, пишува „Телеграф“.
Во моментот кога судијата им дозволи на фоторепортерите и снимателите да направат инсерти, Бошковски на шега рече дека е време да направи едно „селфи“.
Бошковски по втор пат е на обвинителната клупа за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година. Претходно, тој доби 12 години затвор од првостепениот суд, но скопска Апелација ја укина пресудата и предметот го врати повторно на судење во основниот суд.