
Министерството за здравство на Република Македонија и ЈЗУ „Здравствен Дом на Скопје“– Скопје организира акции на пунктови за спроведување на бесплатни превентивни прегледи и совети за заштита од топлотните бранови. Овие активности во општина Кисела Вода ќе се спроведуваат од 18.30 до 21.30 часот, во следните термини и локации:
15.07.2014 пред месна заедница Драчево
18.07.2014 паркот кај Тинекс – у.з. Кисела Вода
20.07.2014 село Драчево (пред чешмата)
23.07.2014 парк спроти општина Кисела Вода
25.07.2014 Паркот пред поштата во Драчево
29.07.2014 ОУ Невена Ѓоргиева – Дуња
31.07.2014 пред месната заедница во Драчево