
Во Зоолошката градина во Скопје, денеска ќе биде промовирано новото забавно–едукативно катче Еко–ЗОО Градина.
Едукативното катче е подарок од детската градинка „Росица“-Ѓорче Петров од Скопје.
На промоцијата, под мотото „ ЈОУДГ-Росица Ѓорче Петров – Скопје, Ви подарува ЗОО Градина – Еко, за во неа да ужива секој“, ќе се обратат директорките на двете институции, Татјана Стаменов и Ана Серафимовска по што ќе настапат децата од градинката „Росица“.