
Шпанскиот фудбалски репрезентативец Диего Коста е нов фудбалер на англискиот премиерлигаш Челзи. Тој потпиеша договор на пет години и верува дека ќе освои многутитули не само во англиското првенство, туку и на европската сцена.
„Многу сум среќен што потпишав за Челзи. Сите знаат дека ова е голем клуб кој игра во силна лига. Возбуден сум, бидејќи ќе соработувам со многу добар менаџери талентитани играчи играв против Челзи минатата сезона и знам колку е квалитетен овој тим,“ изјави 25 -годишниотКоста.
Коста зад себе има одлична сезона во Ателтико Мадрид со кого се закити со титулата шампион на Шпанија, а играше и во финалето на Лигата на шампионите во кое загуби од Реал (Мадрид)