
Поврзаност меѓу граѓански организации од Македонија и Велика Британија ќе овозможи проектот „Civil Society Peer Exchanges“ што денеска ќе биде промовиран во Скопје.
Проектот го имплементираат ЕУКЛИД Мрежата на социјални иноватори од Британија и Центарот за институционален развој ЦИРа од Македонија, со финансиска поддршка од Британската амбасада.
На промоцијата најавено е обраќање на Кристин Винтербурн од Британската амбасада во Скопје, Еленор Морган, соработник за комуникации во ЕУКЛИД Мрежа на социјални иноватори и Зоран Стојковски, извршен директор на ЦИРа.