
Тринаесет сообраќајки во кои се повредени дванаесет лица се случиле во изминативе 24 часа на подрачјето на Скопје.
Од нив, четири се со последица материјална штета и девет со последица телесна повреда во кои со телесни повреди се здобиле девет возачи, еден велосипедист и еден пешак.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште четири незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет Европскиот извештај.