
Стари дрвја во населбата Капиштец вечерва паднале врз неколку возила.За среќа, какко што велат очевидци, била избегната поголема несреќа, затоа што тука до само неколку моменти претходно си играле деца.
Се работи за паркот на улица Јуриј Гагарин, на паркингот пред зградата 33. Несреќата се случила по 19 часот.
Жителите неколку пати алармирале на опасност од старите дрвја скапани во корењата, но никој ниту од општината ниту од паркови и зеленило не реагирал. Станарите на околните згради се лутат бидејќи едно од дрвата паднало во април годинава, а тогаш на местото дошол и градоначалникот Стевчо Јакимовски.
ФОТО: „Република“