Најдена црната кутија на малезискиот „Боинг 777“

Припадниците на проруските сили на истокот на Украина соопштија дека ја пронашле „црната кутија“ на малезискиот авион, што денеска се урна со 295 патници и членови на екипажот, пренесоа руските медиуми. Истовремено, како што пренесува Танјуг, директорот на украинската служба за контрола на воздушниот  сообраќај, Дмитро Бабејчук, изјави дека екипажот на авионот на „Малезија ерлајнс“ не пријавил никакви проблеми при летот.

rt_malaysia_plane_4_kb_140717_16x9_992

Украинскиот претседател Петро Порошенко смета дека терористички чин е причина за падот на малезискиот патнички аион на истокот на Украина, во кој, според последните податоци, загинале  најмалку 300 лица.

Во меѓувреме, украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека при падот на авионот на компанијата „Малезија ерлајнс“, на истокот на Украина, загинале најмалку 300 лица, меѓу кои 23  државјани на САД, пренесоа британските медиуми.

Авионот бил соборен со проектил земја-воздух над Украина, во близина на границата со Русија.

Агенциите, повикувајќи се на различни извори, јавуваат дека никој не ја преживеал несреќата.

„Боингот 777“ летал од Амстердам за Куала Лумпур и бил соборен додека бил на височина од 10 километри.