
Министерството за економија воведува нови процедури со кои значително ќе се забрза издавањето лиценци за вршење угостителска дејност и за продажба на алкохолни пијалаци.
Согласно процедурите што денеска ќе ги промовира ресорниот министер Беким Назири, се очекува двојно, односно тројно забрзување на постапката за издавање на лиценците.