
До крајот на месецов медијаторот Метју Нимиц ќе ги посети Скопје и Атина каде ќе се одржи уште еден круг разговори за името, пишува грчкиот весник „Етнос“.
Македонскиот премиер Никола Груевски, осврнувајќи се на изјавата на Меркел потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ нема да влезе во какви било иницијативи и идеи во кои ќе се оспори или доведе во прашање идентитетот на македонскиот народ, македонскиот јазик и нација.
Кога Самарас пред извесно време рече дека „македонскиот јазик не постои“, предизвика нескриено воодушевување кај грчките новинари, кои и покрај се, како и грчките власти, тврдат дека Атина „прави се што може со цел спорот да се реши“ и е „конструктивната страна“.
Медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц, последен пат ги посети Атина и Скопје во септември минатата година.