
Македонско знаме се вее на новата патека во најбрзиот циркус на планетава, Формула 1 во рускиот град Сочи.
Патеката која сеуште е во изградба, но во завршна фаза, ќе стане дел од Фурмула 1 еден трките, а ќе се вози за Големата награда на Русија.
Должината на патеката е 5,872 километри, а околу неа изградени се многубројни фантастични објекти со футуристики дизајн. Инаугурацијата на руското Ф1 Гран При е планирана за октомври, годинава.