
Две големи кражби на најмалку 25.000 евра, вчера се случиле во Ресен и струмичкото село Свидовица.
Според полицијата првата кражба е извршена во куќата на Н.У. од Ресен, од каде што се украдени 14.000 евра. 5.500 американски долари, 200.000 денари и разновиден златен накит.
Истиот ден во струмичкото село Свидовица, од куќата на К.Г. се украдени 3.000 евра и 10.000 денари. Тешката кражба е извршена на тој начин што разбојниците дошле до куќата и побарале од мајката на К.Г. да им даде клуч од влезната врата на првиот кат од куќата, под изговор дека се од Скопје и треба да го прочитаат електричното броило во ходникот. Откако добиле клуч, влегле во куќата, го отвориле прозорот и веднаш го вратиле клучот. Потоа преку отворениот прозор, влегле во куќата, извршиле пребарување, ги одзеле парите и избегале.