
„Поради нарушување на безбедносната состојба, ракетните напади од појасот Газа кон делови на Израел и операцијата на израелската војска која е во тек, се препорачува на граѓаните на Македонија да се воздржат од патување во подрачјата во близина на 50 км од појасот Газа, “ се вели во апелот на МНР до македонските граѓани.
Со оглед на сигналите за воздушна опасност во Тел Авив и Ерусалим, им препорачуваме на нашите граѓани зголемена претпазливост, претходно информирање и стриктно придржување до упатствата и инструкциите на локалните власти. Исто така се препорачува внимателност при задржување на места со поголема концентрација на луѓе.
Поради воените дејствија во Сирија се препорачува претпазливост и при патување во пограничните делови на Израел кон границата со Сирија и Либан.