Почна реконструкцијата на водоводната мрежа по улиците „Шиндаровска“ и „Сердарот“ во Драчево

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општината Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ и в.д. директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Бојан Василевски, денеска го означија почетокот на градежните работи за реконструкција на водоводната мрежа по улиците „Шиндаровска“ и „Сердарот“, во Драчево.

„Со реконструкцијата на водоводната мрежа на улиците Шиндаровска и Сердарот жителите на овој дел од Драчево ќе добијат подобро и поквалитетно водоснабдување и ќе биде решен долгогодишниот проблем со слабиот притисок на водата со кој што се соочуваа граѓаните. На двете улици водоводната мрежа ќе се реконструира на вкупна должина од околу 860 метри, а градежните работи се очекува да завршат во септември. Станува збор за многу важен зафат на Градот Скопје и на ЈП „Водовод и канализација“ кој ќе придонесе за квалитетно водоснабдување на домаќинствата во Драчево – рече денеска градоначалникот Трајановски.

Pocetok na rekonstrukcija na vodovodna mreza vo Dracevo (5)  Pocetok na rekonstrukcija na vodovodna mreza vo Dracevo (1)

В.д. директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Василевски, објасни дека реконструкцијата на водоводната мрежа по улиците Шиндаровска и Сердарот, во Драчево е значајна инвестиција на ова јавно претпријатие за што ќе бидат потрошени околу 8,5 милиони денари.

Градоначалникот на општината Кисела Вода, Беличанец-Алексиќ, ја нагласи добрата соработка со Градот Скопје и со ЈП „Водовод и канализација“ во реализацијата на овој проект и изрази надеж дека наскоро на улицата Сердарот ќе се продолжи и со втората фаза од изградбата на водоводната мрежа.

Pocetok na rekonstrukcija na vodovodna mreza vo Dracevo (3)

Според проектот, во текот на реконструкцијата на водоводната мрежа по улицата Шиндаровска ќе се заменат старите поцинкувани цевки со мал профил со нови полиетиленски цевки со профил од 110 милиметри. Реконструкцијата ќе се одвива по три делници и тоа: по улицата Шиндаровска во должина од 230 метри; по крак 1 од истата улица во должина од 87 метри; и по крак 2 од истата улица, во должина од 76 метри

Во исто време, ќе се работи на изведба на водоводна мрежа по улицата Сердарот и тоа по две делници: по улицата Сердарот, во должина од 323 метри и по крак 1 од истата улица, во должина од 141 метри.

И на оваа улица ќе бидат вградени полиетиленски цевки со профил од 110 милиметри.