ВИДЕО: Протестите за „Монструм“ завршија без инциденти

Толпа незадоволни граѓани овојпат со организатор повторно излегоа на протест да го изразат незадоволството од пресудите во случајот Монструм.

Тие по петочната молитва во „Јаја Паша“ џамијата се упатија кон Судот, но беа запрени од полициски кордон на Битпазар.

Демонстрантите носеа албански знамиња и пароли и скандираа „УЧК“.

Тие најавија дека протестите нема да престанат се додека не бидат исполнети следните барања: ослободување на осудените во случајот Монструм и нивно обештетување; итно разрешување на јавниот обвинител и судијата од случајот, како и нивно кривично гонење за злоупотреба на службената должност; оставка од министерката за внатрешни работи и итно ослободување на сите приведени лица од протестите во Скопје и Тетово.

Тие побараа и  јавниот правобранител , Хелсшинкиот комитет, ОБСЕ да ги посетат приведените од протестите во Скопје и Тетово и праведно да ги известат нивните роднини и пошироката јавност за нивната физичка и здравствена состојба.

Протестот траеше се одвииваше мирно и без никакви инциденти, а демонстрантите се разотидоа по околу половина час.