
Македонската кошаркарска репрезентација го заокружи настапот на турнирот во Охрид со уште една победа. Избраниците на селекторот Александар Џикиќ овојпат ја совладаа Грузија со 85:55.
Како и на натпревари против Романија и Австрија, нашите најдобри кошаркари постојано го контролираа резултатот и рутински стигнаа до убедлив триумф.
Најефикасен во редовите на нашата селекција беше Војдан Стојановски со 21 поен, Јаневски постигна 11, а Соколов и Трајковски по 10 поени. Во редовите на грузиската репрезентација, Пачулија постигна 12 поени.
Следниот викенд нашата репрезентација ќе им биде домаќин на Црна Гора, Полска и Италија на турнир кој ќе се одржува во Скопје.