
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Војдан Стојановски ја напушта АЛБА Берлин, по една сезона, објави специјализираниот кошаркарски сајт „Спортандо“. Тој минатото лето, од редовите на украинскиот клуб Доњецк се пресели во Германија, а во тимот на АЛБА имаше просек од 9,8 поени, 2,6 скока и 1,1 асистенција по натпревар.
Во претстојниот период Војдан Стојановски ќе побара нова кошаркарска средина, а за него има интерес од неколку клубови од Шпанија, Полска, Украина и од Германија.