
Дипломатите на ЕУ се загрижени за инсистирањето на ДПК на Хашим Тачи по секоја цена да остнат на власт или да се оди на вонредни избори и тоа го оценуваат како многу штетно по Косово на долг рок.
Европските дипломати, пренесува денес „Коха Диторе“, повторуваат дека ЕУ одлучила да не се меша и дека Косово само треба да најде решение за настанатата постизборна ситуација.
Весникот наведува дека дипломаите инсистираат на немешање во „внатрешните работи на Косово“ и дека на „политичките структури на Косово да формираат институции“.
Тие, меѓутиа, после најновите збиднувања му порачуваат на Хашим Тачи, дека и покрај фактот дека како партија освоила најмногу гласови на изборите, сепак некој друг обезбедил мнозинство во Собранието на Косово и дека во парламентот не може да има две, туку само едно мнозинство.