
По пауза од неколку сезони, легендарниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Дидиер Дрогба, повторно ќе го облече дресот на лондонскиот премиерлигаш Челзи и повторно ќе ја анимира публиката на “Стемфорд Бриџ”.
Најпознатите фудбалски медиуми на Островот, ја пласираа сензационалната информација дека се е подготвено за веќе најавениот кам-бек на Дрогба, кој треба да потпише едногодишен договор со лондонските “сини”, а по истекот на истиот, искусниот напаѓач ќе добие и тренерска работа.
Поранешниот фудбалер на Олимпик од Марсеј и на Галатасарај, најверојатно на крајот од новата сезона ќе биде именуван за нов менаџер на фудбалскиот тим на Челзи до 17 години.