(Фото) Хаос во предградие на Париз, про-палестинската младина се судрила со полицијата

Про-палестинската француска младина, пркосејќи и на забраната за протести против офанзивата на Израел во Газа, се судрила вчера со полицијата во северното предградие на Париз- Сарсел. Полицијата возвратила со гумени куршуми и солзавец.

Француската полиција со поддршка на хеликоптери, одговорила за да ги разбие насилните демонстрации, чии што учесници палале автомобили, ограбувале дуќани и нападнале две синагоги.

Групата која ги претставува евреите во Франција соопштила дека групата демонстранти со метални шипки ја окружила синагогата Гарж ле Гонес, фрлале молотови коктели и предизвикале помал пожар кој бил брзо сопрен.

495938_pariz-protesti03foto-ap_ff

Ова е вторпат за два дена про палестинските демонстрации во Франција да прераснат во насилие.

Во Париз завчера, про-палестинската младина палела автомобили и разбивала дукјани во предградието каде што мнозинството жители се имигранти.

495939_pariz-protesti04foto-ap_ig

Вчерашниот протест, како и оној од саботата во Париз е забранет, потсетува американската новинска агенција.

495935_pariz-protest_ff  495940_pariz-protesti05foto-reuters_ff  495942_pariz-protesti07foto-ap_ff