
Во текот на утрешниот ден и в среда нашево подрачје ќе биде под влијание на циклонска активност и нестабилна и влажна воздушна маса која ќе предизвика променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (локално над 20 л/м2) особено во северните и североисточните делови проследени со грмежи и со засилен ветер, а можна е и изолирана појава на град, локално и во форма на невреме.
До крајот на неделава во попладневните часови ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд и грмежи.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.