
На пожарникарите од Омиш вчера околу 18.30 часот им било јавено дека во местото Борак маж со параглајдер се закачил на дрво високо неколку метри и на него останал да виси.
Додека пожарникарите дошле на местото на настанот, „заробениот“ параглајдерист во 40-тите години веќе самиот се симнал од дрвото.
„Маж со параглајдер падна на неколку метарско стебло. Параглаједерот му останал на врвот на стеблото, а тој бил на околу два метри висина од земјатаа.Некако успеал да скокне на земјата пред да стигнеме. Нашата задача беше да со помош на пожарникаските помагала го дофатиме параглајдерот. Се се завршило добро бидејќи човекот не се здобил со никакви повреди“, рекол еден од пожарникарите.
Тој додал дека целата акција не траела подолго од час и половина.