Џерард му кажа збогум на Гордиот Албион

Легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард и официјално потврди дека става крај на репрезентативната кариера.

Искусниот играч за врска може да се пофали дека репрезентативниот дрес на Англија го има носено на 114 натпревари и дека има постигнато 21 погодок за “Гордиот Албион”.
“Денеска е тажен ден за мене бидејќи донесов одлука повеќе да настапувам за англиската репрезентација. Можам да кажам дека уживав во секој момент од својата репрезентативна кариера и би сакал да им се заблагодарам на сите што ми даваа поддршка, на сите соиграчи, тренери, селектори, но најмногу од сите на навивачите кои секогаш беа зад нас, дури и кога резултатите не беа според очекувањата, како на последното Светско првенство во Бразил. Би сакал да ја истакнам својата благодарност до Рој Хоџсон кој ми укажа доверба да бидам капитен на репрезентацијата. Сепак, се приближувам до крајот на кариерата и ми станува јасно дека морам да се грижам да не дојде до премореност. Затоа, во иднина ќе се фокусирам само на моите настапи за Ливерпул”, изјави Џерард.