Евра најпосле се пофали дека е фудбалер на Јувентус

Иако сите детали околу неговиот трансфер беа договорени уште пред 10 дена, репрезентативецот на Франција, Патрис Евра, најпосле доби шанса да се пофали дека и официјално е најнова летна аквизиција на најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, Јувентус.

Искусниот лев бек го потпиша понудениот 2-годишен договор, а за да ги осигураат неговите услуги, челниците на Јувентус мораа да го исплатат побараното обештетување од 2.5 мил. евра.
“По долго размислување донесов одлука дека сега е вистинскиот момент за мене да го напуштам Манчестер јунајтед. Ова го велам со огромна тага, но клубот од Олд трафорд засекогаш ќе остане во моето срце. Мислам дека во вистински момент дојде понудата на Јувентус, во вистински момент се селам во Италија. Имав потреба од нов предизвик, имам чуство дека можам уште на напредувам. Сакам да одвојам уште некој трофеј во мојата кариера, сака да бидам дел од историјата на овој голем клуб”, изјави Евра. “