
Приказната за филмската ѕвезда Мерилин Монро никогаш не завршува. Оваа недела во галеријата „Сумо“ во Њујорк ќе биде организирана изложба со досега необјавени фотографии од неа.
Сигурно сите се сеќаваат на филмот „Bus Stop“ (1956). Мерлин изгледала прекрасно на екранот, а во текот на снимањето се трудела во секој момент да изгледа како холивудска дива. Тоа го докажува фотографијата која настанала за време на снимањето.
Следната фотографија е направена за време на снимањето на филмот „River of No Return“ во 1953 година. Во филмот на Ото Преминџер партнер на Мерлин Монро и бил Роберт Мичам.
Мерлин Монро со ноти била идеја на фотографот Лани Карлсон.
Лани Карлсон бил нејзин омилен фотограф, после музичката позадина тој ја фотографирал убавата актерка и во хеликоптер. Фотографијата е направена во 1952 година.
Снимањето на филмот „Niagara“ (1953) ја донело оваа фотографија. Се што правела Мерлин позади платно и на тв екраните вредело внимание.
Истата година кога е снимен „Niagara“ бил и филмот „River of no return“. Алан Снајдер го фатил моментот кога Мерилин била во спортска комбинација, далеку од холивудскиот гламур.
За оваа фотогарфија е заслужен нејзиниот пијател Миша Пелц, тоа била нивна прва соработка пред снимањето на „Gentlemen prefer blondes“.
„Riveer of no return“ ја донел оваа фотографија. Филмот привлекол голем број пубика, а фотографите во текот на снимањето имале многу работа, Мерлин како магнет го привлекувала објективот.