Црните кутии од урнатиот хеликоптер ќе се преслушуваат во Москва

Во Меѓународниот воздухопловен комитет со седиште во Москва, Русија, ќе се преслушуваат црните кутии од хеликоптерот на МВР, кој се урна на 10 јули во Струмица, соопшти вчера Јавното обвинителство.

Вакво нешто произлегува и од купопродажниот договор меѓу МВР и рускиот производител на хеликоптери, според кој, во случај на несреќа правото на преслушување го има производителот.