
Охридските надлежни инспекциски служби бараат концесионерите на плажите да ги отстранат сите неправилности, инаку во спротивно ќе се соочат со казна.
По една недела инспекторите повторно ќе направат надзор и ако нема оставено слободен простор за гостите ќе бидат казнети. Ќе се мери и бучавата од музика која ечи од плажите, особено во ноќните часови од 20 до 4 часот изутрина.
Дел од концесионерите ги отстрануваат недостатоците на охридските плажи. Ги тргнаа пренатрупаните лежалки, чадори, маси и столови. После истекот на седумте дена од предупредувањето на инспекторите повторно ќе се контролираат плажите. Оние кои нема да остават слободен простор за гостите ќе бидат казнети.
– Кај тие што не ги имаат отстрането недостатоците Комисијата за урбанизам којашто е надлежна за решавање на тие проблеми ќе ги санкционира. Дали ќе има раскинување на договорите или некои други санкции ќе зависи од одлуката на Комисијата, изјави Никола Милески општинскиот инспектор.