
Денеска е објавен оглас за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Гевгелија за изградба на хотелски комплекс, соопштија од Министерството за транспорт и врски.
Станува збор за градежна парцела со површина од 16.064 m2 и процент на изграденост 57.84%.
Почетната цена на јавното наддавање изнесува 223 денар од метар квадратен, а пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават најдоцна до 22.08.2014 на интернет-страницата www.gradezno-zemjiste.mk
Јавното надавање ќе започне на 26.08.2014 година во 10.00 часот и ќе трае 15 минути.
Право на учество на јавното наддавање имаат физички лица и правни лица – државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД, а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија и домашни правни лица, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистер на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД, а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија, стои во соопштението на министерството.
Јавната објава е објавена од страна на општина Гевгелија и целосниот текст на јавната објава може да се прочита во дневните печатени медиуми.