
Традиционално и оваа година, на 26 јули Црвениот крст на град Скопје организира крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес, но и во знак на покажаната солидарност и хуманост на нашите сограѓани.
Крводарителската акција ќе се одвива во периодот од 10:00-18:00 часот во Дневниот центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје, кој се наоѓа во ДХО Даре Џамбаз.