
Околу 45 украински гранати погодиле едно село во регионот на Ростов, на југот од Русија, оштетувајќи куќи и електрични водовои, рекол денес портпаролот наруските погранични служби.
Најмалку 50 жители се евакуирани од селото Примијуски, рекол портпаролот наведувајќи дека никој не е повреден.
Гранатите се испалени од борбеното подрачје во регионот Доњецк, кадешто украинската војска се судира со проруските сили , во рамки на операцијата која Киев ја нарекува антитерористичка.