
Во близина на Будва, четворица Срби паднаа во провалија и за среќа поминаа само со полесни повреди, иако истата била длабока 10 метри.
-Во автомобилот биле девојка и три момчиња, а несреќата се случила ноќта меѓу вторникот и средата, кога возачот на пежото изгубил контрола над возилото, кое потоа паднало во провалијата. За среќа, падот го ублажиле дрвјата, така што никој од патниците не е сериозно повреден. Кој знае што би се случило да излетале од некој друг дел од патот. Прашање е дали некој од нив би преживеал – велат од полицијата.
Четворицата патници се благодарни на Господ, за кој велат дека сигурно ги чувал затоа што избегнале сигурна смрт.
– Добро поминавме. Спиев кога излетавме од патот, така што не знам точно што се случи. Имав потрес на мозокот и неколку модрици, ама ќе ми помине, изјавила девојката