Претпладне сонце, попладне дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во западните делови, а кон крајот на денот и во јужните делови од земјата, ќе има услови за нестабилност со појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен  ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 27 до 35 степени.