
Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска крај бреговите на Аљаска.
Жариштето на силниот земјотрес било на 35,4 километри под морското дно, со епицентар на 55 километри во правец запад- северозападно од местото Елфин Коув.
Засега нема информации за евентуални жртви и предизвикана материјална штета.