
Дел од трупот на малезискиот авион и уште човечки трупови биле откриени во шумски предел во Украина.
– Вчера најдовме човечки останки, а денеска уште, изјавил порпаролот на специјалната мисија од набљудувачи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) Мајкл Бочуркив.
Бочуркив го посети реонот на несреќата во Доњецк заедно со експертите од Холандија, Малезија и Австралија.
За австралиската екипа ова беше прва посета на местото на несреќата. Во малезискиот авион имаше 37 Австралијци.