Дрогба повторно се врати на Стемфорд Бриџ

По пауза од неколку сезони, светски познатиот напаѓач, Дидиер Дрогба повторно го облече дресот на лондонскиот премиерлигаш Челзи.

Капитенот на фудбалската репрезентација на Брегот на Слоновата Коска потпиша едногодишен договор со лондонскиот премиерлигаш, а голема е веројатноста дека по истекот на договорот Дрогба ќе биде именуван за прв асистент на контроверзниот португалски стручњак, Жозе Мурињо.

“Ова беше многу лесна одлука. Не можев да ја одбијам дадената шанса повторно да соработувам со Жозе Мурињо. Сите знаат дека ние двајца имаме специјална врска, специјален однос. Јас имам специјален однос со овој клуб, тука се чуствувам како што се чуствувам дома. Не сум ја изгубил желбата за победа, се уште сум гладен за успех. Сакам да му помогнам на Челзи и многу сум возбуден поради новата авантура на “Стемфорд Бриџ”, изјави Дрогба.