Галијани гарантира со 99.99% сигурност дека Марио ќе остане на Сан Сиро

Потпретседателот на италијанскиот калчо гигант Милан, Адријано Галијани откри дека контроверзниот напаѓач, Марио Балотели нема да биде продаден за време на летниот преоден рок.

Главниот оперативец на “росонерите” откри и дека клубот е во потрага по нов крилен напаѓач и дека во списокот со потенцијални засилувања може да се прочитаат и имињата на Алесио Черчи и на Џоел Кемпбел.

“Балотели во ниту еден момент не побарал да биде продаден за време на летниот преоден рок. Балотели сигурно ќе остане во редовите на Милан. 100% гаранција не постои во фудбалскиот свет, но можам да потврдам и тоа со 99.99% сигурност дека Марио нема да замине од “Сан Сиро” за време на летниот преоден рок. Черчи и Кемпбел? Како и уште неколку други фудбалери и овие двајца се во фокусот на нашето внимание. Милан е во потрага по крилен напаѓач, по фудбалер кој го задоволува вкусот на нашиот тренер, Филипо Пипо Инзаги”, изјави Галијани.