
Брзоногиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни призна дека сака да биде именуван за нов капитен на “црвените ѓаволи” и дека сака под негово воство Јунајтед да ја освои шампионската титула во англиската Премиер лига.
Името на новиот капитен ќе биде познато за неколку дена, но англиските медиуми се убедени дека капитенската летна ќе му биде дадена на холандскиот интернационалец Робин ван Перси кој важи за миленик на новиот предводник на Манчестер Јунајтед, Луи ван Гал.
“Нормално дека можеме да ја освоиме шампионската титула во новата клупска сезона. Свесни сме дека одигравме многу лошо во изминатата сезона, но сега сме убедени дека можеме да освоиме нова шампионска титула. Веруваме во таков успех. Нормално дека сум заинтересиран за капитенската трака, но менаџерот го има последниот збор. Ван Гал ќе одлучи кој ќе биде новиот капитен на Манчестер Јунајтед. Прво сака да поработи со сите фудбалери, потоа ќе донесе конечна одлука. Мислам дека конечната одлука ќе биде донесена за неколку недели”, изјави репрезентативецот на Англија.