
Ивица Перичевиќ со 20 куршуми ја убил својата сопруга во кафуле во Осијек, а потоа како заложници ги држел гостите во кафулето.
Според полицијата мотив за убиството најверојатно е љубомора.
Ивица и неговата жена Слаѓана имале две малолетни деца на возраст од 14 и 16 години.
Пред да ја убие сопругата, тој телефонски разговарал со својата ќерка.
Ивица убил и уште едно лице кое се обидувало да го наговори да не пука.
Полициските специјалци долго време се обидувале да го наговорат да не се убива и да се предаде, но тој не ги послушал и на крајот сам си пресудил.
Драмата во кафулето траела неколку часа.