
Грчката крајбрежна стража добила сигнал за помош од брод со 60 имигранти, што се наоѓа меѓу островите Кефалонија и Закинтос во Јонското Море.
Моторот на бродот бил во дефект и тој почнал да тоне, објавија локалните медиуми.
Според првичните информации, бродот тргнал од Истанбул и се упатил кон Италија. Се претпоставува дека на него се наоѓаат нелегални имигранти.
Чамци на грчката крајбрежна стража и турски товарен брод биле упатени за да го извлечат бродот со имигрантите до пристаништето на островот Кефалонија.