Делови од Скопје утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, соопшти дена утре, 30.07.2014, без електрична енергија ќе останат делови од Скопје.

Жителите на улица 31 во село Волково, општина Ѓорче Петров ќе бидат без електрична енергија во периодот од 08.30 до 15.00 часот, на улица Бутелска со околчните улици во општина Бутел во периодот од 08.30 до 15.00 часот, дел од село Батинци – дел од населба Љубош општина Студеничани во периодот од 09.00 до 15.00 часот и дел од индустриската зона Визбегово, Чаир, Скопје Север, Топанско поле, Шуто Оризари (Општина Бутел, Чаир и Шуто Оризари) во времетраење од 04.00 до 07.00 часот.