
Новиот селектор на фудбалската репрезентација на Бразил, Карлос Дунга испрати јасна порака до потенцијалните репрезентативци дека нема да толерира фудбалери кои плажат за време и после фудбалскиот натпревар.
Ваквата порака е наменета за ѕвездата на каталонскиот гигант Барселона, Неимар кој плачеше додека се свиреше химната на Бразил и е наменета за фудбалерот на ПСЖ, Давид Луиз кој плачеше после полуфиналниот дуел против репрезентацијата на Германија.
“Не ми е јасно зошто треба толку многу емоции да се внесуваат на фудбалски натпревар. Солзи на натпреварот против Чиле. Вистинските мажи не би требало да плачат на фудбалски натпревари. Потребна е максимална борба, залагање, концентрација, но не и солзи. Тие нема ништо да помогнат”, изјави Дунга.
Новиот предводник на “кариоките” нема да ги толерира и фудбалерите кои постојано ја бојадисуваат својата коса.