
Камион прегази најмалку 12 верници кои биле заспани покрај еден автопат во североисточниот дел на Индија.
Меѓу загинатите има четири жени, а уште 18 луѓе се повредени. Несреќата се случила пред изгрејсонце на автопат во индиската држава Бихар.
Повеќе од 50 верници се одмарале крај патот по посетата на еден храм во соседната држава Џарканд, кога возачот на камионот загубил контрола врз возилото.
Годишно во сообраќајни несреќи во Индија гинат дури 140.000 луѓе.