Полицијата во Њујорк го апси Спајдермен!

„Вистинскиот Спајдермен никогаш не би го сторил тоа“, рекол њујоршкиот полицаец откако со колегите го совладале Џуниор Бишоп, кој на Тајмс Сквер се маскирал во Спајдермен за да заработи некој долар.

Спајдермен барал од туристите 5, 10 или 20 долари доколку сакаат да се фотографираат со него, а кога тоа го чул полицаец кој поминувал оттука му побарал лична карта.

Спајдермен не сакал да ја покаже личната карта, па полицајците решиле да применат сила. Тој успеал два пати да ги удри полицајците, но наскоро бил совладан. Целиот инцидент бил забележан од камера на турист.

Група маскирани јунаци од цртани филмови, вклучувајќи ги Бетмен, Мики и Мини Маус, со неверување ја гледале пресметката.