Јоветиќ не сака кам-бек во Серија А

Црногорскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Сити, Стеван Јоветиќ откри дека постојано е контактира од пријателите кои живеат во Италија, но додаде дека не може да им ја исполни големата желба за кам-бек во италијанската Серија А.

Пред да се пресели на Островот, Јоветиќ неколку сезони го носеше дресот на Фиорентина, а во изминатите неколку месеци беше поврзуван со трансфер во редовите на Јувентус и Интер.

“Имам многу пријатели во Италија и истите се желни за нова дружба. Јас сум среќен во Манчестер и не размислувам за некаков кам-бек во италијанската Серија А. Точно дека уживав во мојот престој во Италија, но убаво се чуствувам и во Англија. Ќе дадам се од себе во новата клупска сезона, се надевам дека сите заедно ќе се радувам на новите успеси”, изјави Јоветиќ.