
Кадетската женска репрезентација на Македонија го освои 17. место на Светското првенство. Избраничките населекторот Аце Становски во натпреварот за 17. место убедливо го совладаа Тунис со резултат 20:13.
Кадетките уште во првото полувреме ја преземаа контролата во свои раце и постојано го диктираа резултатот, тие на полувреме заминаа со 11:8. Во вториот дела на противникот му дозволија да постигне само пет гола наспроти нивните 9 што резултираше со зголемување на предност и мирен финиш.
Најрасположени за игра беа Ристовска со 7 и Мирова со пет голови.