Прва победа за јуниорите на ЕП во Австрија

Јуниорската ракометна репрезентација на Македонија ја забележа првата побрда на ЕП во Австрија, совладувајќи ја селекцијата на Швајцарија, со 34:30 (14:13). Избраниците на селекторот Зоран Петковски овојпат иако ја имаа улогата на аутсајдери, конечно одиграа квалитетен меч и успеаја да го скршат отпорот на Швајцарците.
И покрај победата, младите ракометари остануваат последни во групата 1, при разигрувањето за пласман од 9. до 16.позиција.