Три години затвор за 6 учесници на протестите против пресудата за „Монструм“

По три години затвор добија шестмина насилни демонстранти од протестите кои на почетоков на месецов се одржаа во Скопје против пресудата во случајот „Монструм“.

Сите шестмина одговараат за учество во толпа која ќе стори кривично дело, пишува Прес 24.

Еден од обвинет доби ослободителна пресуда, додека за едно лице, обвинителството се откажа од обвинението.

Во протестите против Монструм повредени беа дваесетина полицајци и беше причинета значителна материјална штета.