Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД и ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека утре ќе има прекини во водоснабдувањето и снабдувањето со електрична енергија.
Поради технички зафати во електричната мрежа од страна на ЕВН Македонија, утре,31.07.2014 (четврток) во периодот од 04:00 до 07:30 часот ќе има прекин на електрична енергија и во Пумпените станици во Бутел, Радишани и Гази Баба. Поради тоа истите нема да работат и во посочениот период ќе има прекин на водоснабдувањето за корисниците од населбите Бутел, Чаир, Скопје Север и Радишани.
Исто така, заради технички зафати во електро-системот во текот на утрешниот ден без електрична енергија ќе останат: од 04:00 до 07:00 часот корисниците од нас.Бутел, Визбегово, Чаир, Скопје-Север, Топанско Поле и Шуто Оризари. (општина Чаир, Бутел и Ш.Оризари), од 08:00 до 16:00 часот корисниците од дел од с. Арачиново. (општина Арачиново), од 08:00 до 15:00 часот корисниците од ул. 29-ти Ноември бр.51. (општина Карпош), од 08:30 до 15:00 часот корисниците од дел од нас.Злокуќани. (општина Карпош) и дел од ул. Бутелска и патот за нас.Радишани. (општина Бутел), од 09:00 до 14:00 часот корисниците од дел од с. Грчец (општина Сарај), од 10:00 до 15:00 часот корисниците од с.Бардовци. (општина Карпош).
Поради поправка на затворач од водоводна цевка со пречник од ф -700мм на Бул. Александар Македонски бб утре, 31.07.2014, четврток ќе биде прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Булевар Александар Македонски, населба Ченто, село Стајковци и нас. Економија од 10:00 часот до 14:00 часот.